Достапни линкови

Тбилиси: Четири експолизии одекнале на границата меѓу Грузија и Абхазија


Четири експлозии одекнале во близина на границата меѓу Грузија и отцепениот регион Абхазија. Руските новински агенции јавуваат дека никој не е повреден. Александар Диордиев командант на руските мировници во Абхазија изјавил дека експлозиите одекнале симултано. Вчера, рускиот претседател Димитриј Медведев ја повика Грузија да се ,,воздржи од подгревањето на тензии„ во отцепените грузиски региони Јужна Осетија и Абхазија и ја потенцираше потребата од продолжување на разговорите меѓу сите страни од регионот.
XS
SM
MD
LG