Достапни линкови

logo-print

Две лица потешко повредени во престрелка


Во раните утрински часови во ценатарот на селото Радуша пред угостителски објект дошло до вооружен инцидент при што се повредени девет лица од кој според првичните информации две се наогаат во критична сосотојба, три веке се пуштени на домашно лекување, додека останатите се задржани во Градската болница, во Клиничкиот ценатр и во Воената болница во Скопје. Според првичните информации и извршени разговори со дел од лицата очевидци кој што се нашле во угостителскиот објект до претстрелаката дошло кога поголма група со две возила, една шкода и едно југо, дошле во близина на угостителскиот објет и од две страни отвориле оган кон едно лице, изјави портпаролот на МВР Иво Котевски.

„Лицето е повредено, кон него е пукано според првичните информации од автоматско оружје, од ловечка пушка, од пиштоли. Лицето е повредено и се наоѓа во критична состојба, а освен него во оганот настрадале и останатите, дел од нив се негови блиски кои стоеле заедно со него до неговиот автомобил. Дел се колатерална штета, лица кои се наоѓале во угостителскиот објект, а постојат сомневања дека еден од повредените е дел од групата којашто пукала кон лицето коешто било цел на нападот.“

Полицијата сеуште не располага со информации за позадината на претстрелката но познати и се имињата на осум до девет лица кои учествувале во наподот. Сите се од Радуша. Меѓу повредените е и синот на пратеникот на Демократската Унија за интеграција Рафиз Алити, Бесфорт Алити. Од полицијата не може да потврдат дали во прашање е одмазда поради нерасчистени однсои помеѓу групите ниту каква е позадината на инцидентот. Поради инволвираноста на синот на партеникот од ДУИ во овој инцидент во дел од јавноста се импицира можност дека можеби се работи за меѓуетнички судир мегу припдниците на двете партии од албанскиот политички блок ДУИ и ДПА. Полицијата нема такви информации. На немиранта ноќ во Радуша претходеа две недели незивеснот во Гостивар за семејството на гостиварскиот таксист Бајрам Али Адеми, кој беше исчезнат речиси две недели, а вчера неговото тело беше пронајдено во опожрено возило на непристапен терен во Гостиварско. Полицијата која има работа да го расветли и овој случај, во измнатиов период, поради инцидентите на предвремените парлментрни избори кога во првиот круг загина едно лице,а неколкумина беа повредени досега приведе шеесетина лица.
XS
SM
MD
LG