Достапни линкови

Влезот во глобалниот брз свет неподготвени причина за појава на агресија, оценуваат психолозите


Психологијата на човекот кој е беспомошен секогаш води кон негова агресија насочена кон себе или кон другите, ги анализираат експертите последните случаи на убиства и самоубиства кои ги заземаат ударните места во медиумите поради се пошокантната природа .

„Луѓето имаат потреба емоционално да се растеретат низ комуникација. Меѓутоа, денеска се повеќе стануваме како останатите. Изгледа доаѓа до отуѓување. Со оглед на тоа дека мора да се прилагодиме, ново темпо на живеење и нема можности за комуникација и такво емоционално растеретуавње. Така што, таа тензија веројатно мора некако да се изрази и се изразува или вака или онака, и зависи од склоноста дали има агресија кон надвор или кон внатре (депресија).“

Станува збор за голема немоќ и чувство на незаштитетност од страна на можните државни механизми за да се случи татко да го убие својот син коментира психологот Соња Алексиќ Вуковиќ.

Но ниту државата ги нема развиено механизмите на заштита преку соодветните механизми, вели таа. Заедницата е растроена и нестабилна и таа им погодува на психички лабилните и растроени личности, додава социологот Илија Ацевски.

„Самата ситуација на културен план тоа го овозможува. Веројатно ние влеговме во систем на брзина, недоволно подготвени, во една ситуација кога се урнисани сите морални претпоставки за нормален живот. Самата транзиција и глобализација.“

Во текот на првото полугодие од годинава во државава се случиле 17 убиства. Од нив се расветлени 14 информираат во МВР. Бројот на извршените убиства, велат оттаму бележи тренд на намалување ако се земе предвид бројката од минатите години или во истиот период лани биле регистрирани 21 убиство, во 2005 – 25, а во 2004 –31. Во првата половина од годинава регистрирани се и 78 самоубиства и оваа бројка е речиси на истото ниво во однос на минатите години.
XS
SM
MD
LG