Достапни линкови

Прага: Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс следната недела во посета на Чешка


Државниот секретар на Соединетите Американски држави Кондолиза Рајс следната недела ке ја посети Прага, каде ќе потпишат документ за разбирање за поставување на радарски бази во Чешка, како дел од антиракетниот штит,соопштија од Стејт департментот. Според планот на САД за поставување на антиракетен штит, како заштита од таканаречени непријателски држави како што се Иран и Северна Кореја, ракетите би требало да бидат во Полска.
XS
SM
MD
LG