Достапни линкови

logo-print

Скопје: Честитка од претседателот Црвенковски до претседателот Буш по повод Денот на независноста


Претседателот на Македонија Бранко Црвенковски, по повод четврти јули, Денот на независноста на Соединетите Држави, упати честитка до американскиот претседател Џорџ Буш, во која, меѓу другото, се вели: Вашиот празник е симбол на демократијата, мирот и на слободата во светот. Македонија која се стреми кон постигнување на истите вредности е горда на традиционалното пријателство со американскиот народ и е трајно определена на натамошно унапредување на соработката во сите сфери. Поддршката и довербата која што Соединетите држави ја искажаа кон Македонија, уште поцврсто ја зајакнуваат нашата определба за зачленување во НАТО, се вели во пораката.
XS
SM
MD
LG