Достапни линкови

Ги користиме придобивките од новите технологии, велат бизнисмените


Новите технологии, особено Интернетот кој е неопходен за информирање и комуникација веќе станаа дел од нашето секојдневие. Речиси неможе да се замисли млад човек од било кој дел на светот што не ги користи популарните месинџери на Хотмеил и Скајп за чатување и почнување на нови пријателства. И големите коорпорации станаа заложници на овие модерни комуникациски програмчиња, кој фирмите ги користат за остварување на своите бизнис цели.

„Секојдневно се користи, затоа што е неопходно во нашата работа. Контактите што ги имаме се со странски фирми, така што ни е неопходно користење на Скајп, Интернет, пребарување на податоци,“

изјави Десанка Кичуковска од Техноалат

За секојдневното користење и потребата на новите технолигии и интернетот говорат и Драган Михајловски од компанијата Дијаг и Искра Ветаџоковкса од фирмата Виталија.

„Целокупниот асортиман од нови технологии ни е достапен и го користиме, затоа што ни е потребен во процесот на производство.“
„Кај нас вработените имаат 24 часа неограничен пристап на Интернет.“


Тие исто така велат дека за разлика од пред неколку години, Интернетот го користат почесто:

„Многу повеќе го користиме, затоа што и нашите клиенти го користат.“
„Со текот на времето навиките се менуваат кон подобро, тоа значи дека се повеќе се ослонуваме на новите технологии. Постојано настојуваме да ги користиме сите новитети на технологиите.“


Сепак и Михајловски и Ветаџоковска истакнаат дека во споредба со европските земји интернетот кај нас е поскап.
XS
SM
MD
LG