Достапни линкови

Тешко може да се очекува албанските партии да отстапат од агендите, оценува Хисен Рамадани


Партиски извори највуваат дека денеска најверојатно ќе има средба на мандатарот Никола Груевски со лидерите на политичките партии од албанскиот блок на која ќе се разговара за политичките цели содржани во агендата на мандатарот Груевски и барањата на албанските партии како услов за коалициарање, со цел што побрзо формирање на владата.

„Ние мислиме со самиот факт што треба да се состанат лидерите секако дека ќе се разговара за сите детали. Дали има разлики или не, денеска треба да се очекува и тоа прашање да се постави на господинот Ахмети и Никола Груевски. Мислиме дека ова што е во медиумите, дека разликите се големи се шпекулации,“

вели Рафиз Алити од ДУИ.

Иако процесот е нетранспаренетен, од изјавите кои се добиваат од лидерите на партиите се гледа дека без разлика која од двете партии влезе во владата тие имаат јаснио формулирани свои барања. Доколку влезе ДУИ тоа се барањата од мајскиот договор, а за ДПА тоа се барањата од мартовскиот договор.

Околностите околу постигнувањето договор за составувањето на новата влада, според политикологот Хисен Рамадани ги отежнува тоа што со оглед на резултатот од изборите мандатрот има објективно право да ја наметне неговата агенда и тој таа негова позиција да ја користи во разговорите. Но, од друга страна и двете партии по нивна цврста увереност имаат агенда со мандаттарот:

„И двете страни и двете партии имаат по нивна цврста увереност и по целата пропаганда што се водеше во предизборито, дека имаат агенда со идниот мандатар, односно имаат договор, едниот во мај, другиот во март и тие тешко може да отстапат од тоа.“

Во ред е да се инсистиара на прифаќањето на владината програма, но во неа треба да влезат и интересите на фругите политички партии и на тој начин да се формира владата, нагласува Рамадани:

„Ние сепак ќе имаме влада во која ќе има амплитуди во текот на вршењето на функциите, но една минимум агенда, како основа за договор и функционирање на владата во иднина мора да се има, па макар имало и две или три точки само.“
XS
SM
MD
LG