Достапни линкови

logo-print

Македонија не треба да дозволи војниците да бидат понижувани, се согласуваат експертите


Пред неколку дена македонските војници учесници во мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина се соочија со провокации.Имено на македонските војници им беше наредено да го остранат кодот МКД кој меѓународно се употребува за комуникација и да го заменат со ФИРОМ.Исто така неодамна нашите мировници со слични провокаци се соочија и во Франција По овие немили случувања,во Министерството за одбрана велат дека нема да ја сменат политиката во однос на повлекување на војниците од мировните мисии,оти ова се поединечни инциденти кои се поврзани со спорот за името кој државава го има со соседна Грција.
„Со последниот случај на инцидент во АЛТЕА, министерството за одбрана прати протестна нота до Хавиер Солана. Очекуваме деновиве да добиеме и повратно писмо со случувањата таму,“
изјави портпаролот Захарија Вулгаракис и додаде

„Нашите војници се во целосна координација со генералштабот на АРМ, така што добиваат инструкции како да реагираат. Се одбегнува проширување на вакви инциденти.“

И од Армијата на Република Македонија се со сличен став.Од таму велат дека освен оваа провокација која се случила за време на една вежба немало други инциденти.Како што информираат од армијата,македонските војници,биле многу почитувани и односот на другите војници спрема македонските бил коректен.

Но поранешниот министер за одбрана Владо Бучковски вели дека на овие провокации треба да се одговори со наша најава дека немора Македонија по секоја цена да биде дел од мировните мисии.

„Со сериозен наш настап и најава за наше полекување. Нема потреба да ги изложуваме нашите војници на понижување.“

Врз основа на досегашните случувања,експертите и препорачуваат на македонската политичка елита,да не ги повлекува припадниците на армијата од мировните мисии,односно Македонија да постави правила по кои основи ке учествува во мировните мисии и оти не треба под притисок на Грција да отстапува од симболите со кои се преставуваат војниците

„Треба да партиципираме во мировни мисии, но не со закани. Туку, и ние да истапиме со наши правила и барања по кои ние би останале таму. Можеби звучи како ултиматум, но во дадените ситуации може да имаме бенефит од сето тоа,“

вели професорката Марина Митревска од институтот за одбранбени и мировни студии

Инаку Македонија во моментов учествува со 237 војници во мировните мисии Слобода за Ирак, ИСАФ во Авганистан, АЛТЕА и УНИФИЛ на Обединетите нации во Либан.
XS
SM
MD
LG