Достапни линкови

logo-print

Париз: Двојно зголемете ги напорите во преговорите за името, писмо на Саркози до Црвенковски


Претседателот на Франција Никола Саркози испратил писмо до претседателот на Македонија Бранко Црвенковски во кое изразува подготвеност за продлабочување на односите меѓу двете земји. Саркози истакнува дека и дава целосна подршка на земјата за членство во НАТО, но оти останува уште да се најде решение со Грција за прашањето за името. Ве повикувам, како што ги повикав и грчките власти за време на мојата посета на Атина, двојно да ги зголемите напорите за завршување на преговорите, се вели во писмото на Саркози до Црвенковски.
XS
SM
MD
LG