Достапни линкови

Москва: Формирањето на парламент на косовските Срби логично, оценува Русија


Москва го оцени како логично формирањето на Парламент на косовските Срби, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Овој потег е логична реакција на едностраното и нелегалното прогласување независност на таа област, се наведува во соопштението. Косовските Срби во саботата во Косовска Митровица формираа свој Парламент што наиде на осуда од страна на косовските власти. Европската комисија во неделата соопшти дека го поддржува ставот на УНМИК, според кој создавањето на Парламентот нема никаква легитимност, ниту моќ.
XS
SM
MD
LG