Достапни линкови

Задоволство од ангажирањето на косовските институции за остварување на планот на Ахтисари


Меѓународната управувачка група за Косово е задоволна од ангажирањето на косовските институции во врска со остварувањето на планот на Марти Ахтисари, изјави Питер Фејт раководителот на групата која ја сочинуваат земјите кои ја имаат признато независноста на Косово. Тој по вчерашниот состанок во Приштина прецизира дека меѓународната заедница виско ја цени определбата на Косово за почеток на процесот на децентрализација, како и стартот на работите на демаркацијата на границата со Македонија:

„Денеска е значаен ден, бидејќи почна и физичката работа на демаркацијата на границата меѓу Косово и Македонија, што претставува важен дел од остварувањето на планот на Ахтисари.“

Изјави Фејт. Според него, формираното српско собрание на северот на Косово нема да има поголеми ефекти врз систуацијата. Тој и со очекување дека новата влада во Белград ќе го прифати распоредувањето на европската мисија на Косово:

„ЕУЛЕКС и Меѓународната цивилна канцеларија многу бргу ќе имаат пристап на целата територија на Косово. Се надеваме дека многу бргу ќе биде формирана нова влада во Белград која ќе има позитивен став кон тоа.“

Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу, кој присуствуваше на состанокот на Меѓународната управувачка група изјави дека со Белград може да се разговара за некои праѓања од заеднички интерес

„Во наш интерес е да разговараме за соработката во енергетиката, слободното движење на луѓе, борбата против организираниот криминал.“

Изјави претседателот Сејдиу, додавајќи дека секоја друга тема која се поврзува со статусот на Косово ќе добие негативен одговор од Приштина. Меѓународната управувачка група ја поздрави и рефигурацијата на УНМИК со што, како што се наведува, се отвара патот за мисијата на Европската унија на Косово. Инаку, основна задача на оваа група е да го проценува остварувањето на планот на Марти Ахтисари за статусот на Косово.
XS
SM
MD
LG