Достапни линкови

Варшава: Полскиот претседател Качински нема да го потпише Лисабонскиот договор


Полскиот претседател Лех Качински во денешното интервју за еден домашен весник изјави дека нема да го потпише Лисабонскиот договор за натамошни реформи на Европската унија. Качински објаснува дека тоа ќе биде беспредметно откако Ирска го отфрли договорот на референдумот во минатиот месец. Полскиот Парламент го ратификува договорот уште во април, но за негово целосно ратификување неопходен е и потписот на шефот на државата.
XS
SM
MD
LG