Достапни линкови

logo-print

Париз: Франција сака земјите од Балканот да влезат во ЕУ, изјави Саркози


Франција сака земјите од Балканот да влезат во Европската унија, изјави францускиот претседател Никола Саркози во синоќешното телевизиско обраќање пред денешното преземање на Франција на функцијата претседавач на Европската унија. Саркози додаде дека официјален став на Париз е да го потврди влегувањето на балканските земји во Унијата и покрај неуспехот на Лисабонскиот договор. Тој и со оценка дека е потребно од корен да се промени начинот на кој се гради Европа. Загрижува тоа што нашите сонародници се прашуваат дали националната рамка ги штити повеќе од европската, изјави Саркози.
XS
SM
MD
LG