Достапни линкови

logo-print

Аналитичарите очекуваат мандатарот да ја формира владата пред истекот на уставниот рок


Вчерашното прегласување на предвремено распишаните парламентарни избори не донесе никакви изненадувања или промени освен што конечно го заокружи изборниот процес оставајќи ги зад себе лошите оценки од меѓународните претставници за неговото спроведување. Жално е што ваквата изборна клима традиционално се провлекува уривајќи го угледот на државава, констатираат експертите. Особено во контекст на остварувањето на приоритетите кои го чекаат формирањето на новата Влада. Аналитичарите се надеваат дека во овој момент а соодветно и на пораките кои пристигнуваат од меѓународниот фактор мандатарот ќе ја оформи новата Влада не чекајќи го дури и истекувањето на уставните рокови се во интерес на посветувањето на огромниот број тешки задачи кои и претстојат на државава.

„Од аспект на демократскиот капацитет на Македонија и во контекст на зачленувањето во ЕУ и НАТО мислам дека имаме големи недостатоци. Текот на изборите е еден од нив, но има и други прашања кои се многу проблематични и ја влошуваат позицијата на Македонија во овој процес. Меѓутоа, од друга страна, очигледно е дека меѓународната заедница, пред се ЕУ и некои од највлијателните членки на НАТО сакаат да и помогнат на Македонија да го помине овој процес што побезболно,“

вели аналитичарот Ибрахим мехмети лоцирајќи го политичкиот миг во кој сите апели се во насока новата Влада да се формира што поскоро.

„Се надевам дека мандатарот нема да го запази рокот од 20 дена, туку дека ќе оди побрзо со формирањето на владата, што е можно побрзо да се формираат институциите и да започне да функционира системот со полна пареа,“

додава професорката Тања Каракамишева.

Премиерот во јавноста излезе со уверување дека се прави се владата да биде формирана што поскоро. Во меѓувреме од мнозинската партија уверуваваат дека институциите работат непречено, дека 80 закони влегуваат во собраниска процедура од кои голем дел се од европската агенда. Преговорите на мандатарот со двете партии на Албанците се прилично заштитетни од погледот на јавноста и неизвеснота околу колаицирањето сеуште не е решена. Рафиз Алити од партијата која е дел од преговорите за влез во власта ДУИ се надева дека новата Влада ќе ја добиеме што поскоро.

„Секако дека очекуваме многу брзо формирање на влада. Мислиме дека времето загубено во избори што побрзо треба да се надомести.“

Премиерот има комоција да не преговара предолго со политичките партии вели Ибрахими иако не исклучува одолжување на целиот процес.
XS
SM
MD
LG