Достапни линкови

Словенија покажа дека е голем пријател на Македонија, оценува професор Димитар Мирчев


Словенија е голем пријател на Македонија и со своето шестмесечно претседавање со Унијата таа го покажа традиционално пријателскиот однос кон нашата земја, Вака експертите го оценуваат дејствувањето
на Словенија која од утре ја предава претседавачката функција со Унијата на Франција.

„Словенија се покажа како голем пријател во овој период. Постојано го покренуваше прашањето на статусот на Македонија како земја кандидат, се залагаше да добие датум за преговори, ги објаснуваше нашите проблеми што ги имаме со Грција и притоа не поддржуваше,“

изјави професор Димитар Мирчев, поранешен амбасадор во Словенија

Иако признава дека во последните неколку месеци прашањето за името го отежна патот на Македонија кон Унијата, амбасадорот на Словенија, Ален Бергант се надева дека Македонија се уште има време да добие датум за пристапни преговори идната година, доколку ги исполни осумтте критериуми и спорот околу името.
Инаку на почетокот од претседателствувањето со Унијата, Бергант изјави:

„Успехот на словенечкото претседателство го гледам во отпочнувањето на дијалогот за визна либерализација како и на Франција, како наша наредна пријателска држава која ќе го преземе претседавањето, да и ја олесниме работата и Македонија да ја донесе до саканиот датумот за отпочнување на преговорите.“

Отворената поддршка на Франција за Грција пак, за нас не создава поволна клима и не влева надеж дека Македонија ќе добие датум за преговори до крајот на годината, оценува Мирчев

„Во секој случај француската надворешна политика е доста прагматска. И сите се надеваме дека тој прагматизам и желбата нешто да се разреши во овој регион во корист на стабилноста ќе продолжи.“

Францускиот амбасадот во земјава, Бернар Валеро пак уверува дека Франција ќе се обиде да помогне колку што може за да ја приближи Македонија до европското семејство.

„Мислам дека е исто така важно да се каже дека една од најважните цели за Македонија оваа година е да добие датум за почеток на преговорите со Унијата. Прво, не е Франција таа што ќе игра важна улога во овој процес, туку Комисијата. Таа на крајот на октомври и на почетокот од ноември ќе го објави годишниот извештај во кој или ќе има или нема да има препорака за почеток на преговорите,“

изјави Валеро.
XS
SM
MD
LG