Достапни линкови

logo-print

Продолжува јакнењето на српските паралелни структури, предупредуваат меѓународните претставници


По формирањето на Собранието на српските општини во северниот дел на Митровица, институциите на Косово и меѓународните претставници предупредуваат дека продолжува јакнењето на српските паралелни структури. Во Приштина едногласна е оценката дека станува збор за илегална институција која може да го дестабилизира Косово. Опозицијата бара порешителни чекори.

Формирањето српско собрание во Митровица е илегален чин со кој јакнеат српските паралелни структури, вели портпаролот на УНМИК Александар Иванко, додавајќи дека тоа не придонесува за помирување меѓу србите и албанците:

„Би било покорисно кога косовските срби би се склучиле во работата на косовските институции, наместо да формираат нови паралелни структури.“

Претходно, новиот шеф на УНМИК Ламберто Заниер изјави дека не очекува собранието на србите на Косово да ја промени реалноста на теренот. И претседателот на Косово Фатмир Сејдиу изјави дека паралелните српски структури се неприфатливи, бидејќи нивна цел е дестабилизација на Косово. Политичките претставници на албанците изразија остро противење на српското собрание:

„Тоа се обиди за изградба на виртуелно собрание кое ќе продолжи да манипулира со србите.“

изјави потпретседателот на косовската влада Рам
Манај, додавајќи дека собранието не ќе може да функционира во законодавен и политички поглед, бидејќи, како што оцени, е во целосна спротивност со Уставот на Косово. Некои и со оценка дека српското собрание во Митровица е нелегитимно и за самата српска заедница на Косово, бидејќи, во него немало претставници од Демократската партија на претседателот Борис Тадиќ и од другите партии од проевропската коалиција. И повеќето косовски аналитичари се согласуваат со оценките на владата дека станува збор за симболичен потег на косовските срби кој има политичка и финансиска поддршка од Белград. За косовската опозиција пак, формирањето на српското собрание претставува мешање во внатрешните работи и затоа од меѓународните мисии се бара да преземат конкретни чекори. Во меѓувреме, од Меѓународната цивилна канцеларија уверуваат дека српското собрание нема да има никакво влијание врз остварувањето на планот на Марти Ахтисари.
XS
SM
MD
LG