Достапни линкови

Белград: Вонредна седница на српскиот Парламент


Српскиот Парламент денеска ќе одржи вонредна седница, на која ќе се разгледуваат нацрт законите за владата и министерствата. Според предлог законот за министерствата новата влада на Србија ќе има 24 ресори. Се предвидува формирање на ново Министерство за човекови права и права на малцинствата и на Министерство за национален инвестициски план. Исто така, ќе се предложи и Министерството за Косово да остане во функција. Предвидено е да се донесе закон и премиерот да го има последниот решавачки збор при донесувањето одлуки. Со донесувањето на овие закони ќе се создадат услови за избор на новата српска влада, која ќе треба да ја состави Мирко Цветковиќ, кој е предложен за мандатар од страна на шефот на државата Борис Тадиќ.
XS
SM
MD
LG