Достапни линкови

Без нов предлог, но со идеја за која треба да се раговара


Посредникот Метју Нимиц во Скопје дојде без нов предлог за името. Кога зборувам за некој предлог не мислам за некој конкретен предлог, туку за идеја околу која треба да разговараме и да ги слушнеме реакциите од двете страни, објасни Нимиц по денешните одвоени средби со претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски. Со најава дека ова лето ќе има многу работа околу спорот за името, Нимиц рече

„Според мене и двете земји се заинтересирани да видат дали прашањето може да се реши сега. Мислам дека има сериозен пристап од двете страни. Не велам дека недоразбирањата се надминати зошто се уште има некои различни видувања како да се реши проблемот, но и кај двете страни постои мислење дека ова е многу добро време да се види што може да се направи,“
изјави Нимиц.

Според Нимиц прашањето за референдум околу името е комплициран метод на донесување одлука во која било земја. Ако зборуваме за референдум, тоа значи дека сме постигнале некаков договор, рече Нимиц.

„Ако нема некаков договор, тоа значи дека не треба да се грижиме за референдум. Кога ќе зборуваме за референдум, тоа ќе значи дека сме направиле вистински напредок,“

истакна Нимиц.
XS
SM
MD
LG