Достапни линкови

logo-print

САД сакаат што побрзо решение за името


Нема причина за загриженост. Преговорите продолжуваат, тие се интензивни, а ние сакаме да видиме што побрзо решение, порача заменик државниот секретар на САД Розмари ди Карло по денешните средби со македонските државни претставници:

„САД силно го поддржуваат амбасадорот Нимиц и процесот што тој го води. Ги охрабруваме сите прашањето околу името да се реши многу брзо. Би сакале тоа да се случи побрзо, за да не се изгуби време и Македонија да тргне напред,“

изјави ди Карло.

На средбата, претседателот Црвенковски го повторил ставот дека Македонија останува ангажирана за изнаоѓање решение што нема да ги загрози нејзините национални и државни интереси, соопштија од неговиот кабинет. Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски пак, се воздржа од коментари околу прашањето за името.

„Наш гостин ќе биде и господинот Нимиц. Иако, и двете посети случајно коинцидираат една со друга. Во секој случај најавивме дека со внимание ќе ги слушнеме неговите идеи. Пред да ги слушнеме не би давале дополнителни коментари.“

Покрај спорот со името на средбите било разговарано и за состојбите во земјата и во регионот, како и за Косово.

„Македонија беше една од првите земји којашто го поддржа планот на Ахтисари, во однос на статусот на Косово. Тој пристап не се променил и во иднина ќе продолжиме да имаме тоа внимание со еден позитивен пристап.“

„Многу ја почитуваме поддршката на Македонија за спроведување на планот на Ахтисари, како и нејзиниот интерес за стабилност во регионот. Ние се согласуваме со вашата позиција дека целиот регион ги исполнува условите за членство во ЕУ,“


рече Ди Карло.

Милошоски истакна дека односите меѓу САД и Македонија никогаш не биле подобри, што како што рече се должи на взаемната доверба и меѓусебното учество и помагање во акциите кои се важни за двете земји.
XS
SM
MD
LG