Достапни линкови

Растот се должи на зголемената понуда на пазарот на услуги, велат од МАСИТ


Во последниве две години граѓаните се почесто ги користат интернет услугите.Во зависност од генерациите но пред се помладите,преку интернетот секојдневно се информираат за случувањата во светот, симнуваат музика и филмови ги читаат светските магазини:

,,Најмногу ме интересира се што се случува во светот, вестите, спортот, се ново што ќе излезе.“

„Спотови највеќе гледам на некои од сајтовите.“

„Сурфање, проверување на електронска пошта, симнување филмови.“


Очигледен е порастот на корисниците на интернетот во Макеонија, велат од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ. Иван Митревски извршен директор на комората посочува дека се работи за континуиран пораст што веројатно се должи на зголеменото чуство на потреба за користење на интернет и поради неговата зголемена понуда на пазарот, истакнува Митревски и додава:

„Ние сме според некои показатели над просекот во регионот и сме блиску до европскиот просек. Се работи за над 20% од домаќинствата кои имаат можности и користат интеренет, имајќи предвид дека овој број ќе расте постојано во најава е државна стратегија за ширење на широкопојасниот на брзиот интернет, така да може да се очекува пораст на овој број.“

Според резултатите од последната анкетата направена минатата година, поголем дел од граѓаните се изјасниле дека интернетот го користат за забава, додека помал е бројот на лица кои го користат интернетот за деловни услуги или за финансиски трансакции:

„Постојат можности за такво користење, граѓаните се свесни, а на што се должи нискиот процент на граѓани кои користат вакви услуги би требало да се анализира дали е во прашање и техничката можност на оние кои што ги нудат таквите услуги, самата едукација на граѓаните, би требало да се испита тоа и да се зголеми во наредниот период.“

истакнува Митревски.
XS
SM
MD
LG