Достапни линкови

logo-print

Странските инвеститори ги задржуваат своите инвестиции, велат и експертите и бизнисмените


Актуелната политичка ситуација ,,обремената„ со многу проблеми по недобивањето на поканата за членство во НАТО, спорото со името со јужниот сосед, па се до негативната слика која ја испративме со бројните инциденти за време на изборите, се одразува врз економската ситуација во земјата, коментираат и експертите, но на ова укажуваат и македонските бизнисмени. Можеби актулената политичка слика, не се одрази директно врз влошувањето на економската состојба, но секако предизвика стагнација, објаснува професорот Томе Неновски:

,,Од една страна имаме еден оптимистички показател кој што го соопштуваат надлежните итнституции за пораст на економијата во првите три месеци, а од друга страна неможе да се рече дека политичките настани кои што не опкружуваа во овој период немаа одрдено влијание врз економијата. Можеби не во назадување, но сигурно во одреден домен на запирање на оние позитивни процеси.“

Посебно, вели професор Неновски случувањата на внатрешно политички план влијаат врз одлуката на странските инвеститори за вложување во Македонија:

,,Тие се тука некаде на прагот на влезот во Македонија, меѓутоа тој сигнал ќе го почекаме во следниот период кога пред се ќе се ситуираат состојбите околу формирањето на новата влада, и натамошниот процес на одвивање на преговорите за проблемот со името на државата како предуслов за влегувањето на државата и во НАТО и во ЕУ.“

Изминатиов период растот на цената на производите во Европа, предизвика зголемување на цените и во државата, а дополнително деновиве нафтата ги руши сите рекорди на светските берзи достигнувајќи цена од околу 140 долари за бараел, поради што владата донесе неколку мерки за ублажување на нафтениот шок. Внатрешно политичката ситуација сепак најмногу се одрази врз берзата, која изминативе месеци забележува пад на индексот. Странските компании ги пролонгираат своите вложувања во земјава, потврдуваат и македонските бизнисмени од областа на инвестицоните фондови.

„После некои случувања, тие се воздржани, ја гледаат Македонија како нестабилно подрачје, така да на некој среден и пред се краток рок, ги задржуваат своите инвестиции.“

изјавува Александар Манев од Друштвото за управување со инвестициони фондови Илирика. Работата на компаниите во областа на производството пак, како што посочува македонскиот стопанственик Јован Дабевски не е погодена директно од политичките случувања и периодот на очекување на новата влада, но сепак пред избори традиционално се забележува пад на куповната моќ на граѓаните:

„Секогаш кога се избори, куповната моќ паѓа и граѓаните помалку трошат на храна, на гардероба итн.“

Посочува Дабевски.
XS
SM
MD
LG