Достапни линкови

logo-print

Белград: Конференција за миграција на работната сила на просторот на ЈИЕ


Во Белград денеска ќе почне конференција за миграција на работната сила на просторот на Југоисточна Европа, на која ќе бидат усвоени препораки за управување со миграционите текови. Учесниците на конференцијата ќе разменат искуства и ќе ги изнесат проблемите во политиката на управување со миграционите текови, а посебно внимание ќе биде посветено на миграцијата на работната сила, соопшти Групата „484“, која е организатор на собирот.На конференцијата ќе бидат претставени резултатите од истражувањата во сите земји во регионот, кое е спроведено во рамки на проектот на оваа невладина организација, насловен како „Миграција и развој - Создавање на регионален пазар на трудот и циркулација на работната сила како одговор на барањата на пазарот трудот“.Во работата на собирот ќе учествуваат 75 претставници од осум земји во регионот -Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Романија и Албанија.
XS
SM
MD
LG