Достапни линкови

Нова страница во деликатните односи со Москва?


Eвропската Унија се надева дека на самитот со Русија на 26 и 27 јуни ке биде свртена страницата во деликатните односи со Москва. Официјални личности на Унијата завзедоа по помирливи ставови надевајки се дека на самитот во сибирскиот Кханти Мансииск ке бидат лансирани преговори за договоро за ново стратегиско партнерство на Унијата со својот најголем сосед.

Заедничките интереси станаа нај користен збор во Европската Унија во рамките на напорите нејзините односи со Рсуија да најдат терен по изминатите тешки години. Промените изгледа доаѓаат како последица на фактот дека Русија е растечка сила и дека некои внатрешни разлики во Унијата беа пречка за надворешно политичките амбиции на Брисел. Погледите дека за Брисел односите со Москва се еден од врвните приоритети ги искажа евро комесарот за надворешна политика Бенита Фереро Валднер.

„Јас сметам дека имаме можност да го редефинираме стратегиското партнерство со нашиот најголем сосед базирано на заедничките интереси. Доведувањето на европско руските односи во вистинска насока е еден од најважните предизвици на европската надворешна политика.“

Унијата се надева дека рускиот претседател Дмитриј Медведев може да продонесе во тој правец. На самитот во сибирскиот град Мансииск фокусот ќе биде ставен врз заедничкиот интерес на соработка како - економијата, безбедноста, образованието и културата во придружба на темите како разликите околу човековите права и енергетската соработка. Најтешко прашање се очекува да биде руските односи со бившите советски соседи кои Убијата се обидува да ги проближи до себе. Станува збор за Грузија и Украина рече Валднер.

„На самитот ке се разговара и за замрзнатите конфликти. Ние ке подвелечеме дека територијалниот интегритет и суверенитет на Грузија и Украина мора да се почитува.“

Како и да, евро комесарот Бенита Фереро Валднер во Европскиот Парламент изјави дека Унијата сака дијалог без конфронтации со Русија и затоа ја повика Москва да има позитивна агенда кон нејзините соседи., но Брисел исто така ја повика и Грузија на по содржинска политика кон двата сепаратистички региона Абхазија и Јужна Осетија.
XS
SM
MD
LG