Достапни линкови

Некои граѓани со пофални зборови за услугата и начинот на работа, некои се жалат


По скоро една година чекање за префрлање на имот, или пак чекање со месеци за вадење на имотен лист, долги редици, вака некои граѓани го опишуваат работењето на Државниот завод за геодетски работи.

„Јас имав некои проблеми со оставнина од татко ми. Осум месеци чекав за гаража, едвај извадивме поседовен лист. Сега ќе одам да уплаќам, заверено на нотар. Не за парите, чекањето е.“

„Два пати бев за иста работа, два пати бев до банка.“


Но некои граѓани пак имаат позитивно искуство со катастарот. Според нив иако внатре во ова институција работите одат релативно брзо, сепак немањето во близина банка, или пошта им создава дополнителни проблеми.

„Дојдов за поседовен лист, имаше пошта и банка, си дојдеш, платиш вршиш работа брзо. Сега гледаме дека банката е затворена. Преку улица, поштата е затворена, дури Буњаковец.“
„Во ред е брзо, пред еден месец бев и задоволна сум и од услогата и од начинот на работа.“


Портпаролот на Државниот завод за геодетски работи Валентина Христова Стефановска истакнува дека вработените имаат целосно разбирање за странките и додава дека поголем дел од проблемите и чекањата ќе се надминат со пуштање во употреба на новата зграда на сектор Скопје каде од досегашните седум, бројот на шалтерите ќе се зголеми на 15

„Иако можам да кажам дека и покрај тешките услови во кои работат вработените во Сектор Скопје прават напори во текот на месецот да ги решат сите пристигнати барања. Очекуваме новата зграда на Сектор Скопје да биде пуштена во средината на месец јули.“

изјави Стефановска и додаде дека новите услуги кои ги нудат на нивната веб страна им овозможува на граѓаните пребарување и увид во базата на податоци за недвижности на целата територија на Република Македонија.

„Пребарувањата на недвижностите ќе се вршат по бројот на имотен лист или катастартската парцела.“
XS
SM
MD
LG