Достапни линкови

Родос: Почнува пленарното заседание на маѓупарламетнарната православна асамблеја


На грчкиот остров Родос денеска почнува пленарно заседание на Меѓупарламентарната православна асамблеа. Учесниците на 15-тото по ред заседание, што ќе трае до недела, ќе разгледаат серија прашања, меѓу кои и зголемувањето на улогата на православието во зачувувањето на цивилизациските вредности. На собирот на тема „Кризата на светскиот систем на вредности како предизвик за христијанското православие“ ќе учествуваат претставници на земјите-членки на Меѓупарламентарната православна асамблеа, како и на други држави, како што се САД и Австралија.
XS
SM
MD
LG