Достапни линкови

logo-print

Во мај евидентирани околу 350 илјади невработени


Во мај годинава евидентирани се нешто повеке од 351 илјада невработени лица,покажуваат податоците на Агенцијата за вработување на Република Македонија. Од таму велат дека како и до изминатата година,така и во текот на 2008,се забележува тренд на намалување на бројот на невработени лица.Во периодот јануари-мај годинава, бројот на лицата кои не се во работен однос, бележи намалување за 2,4 %, а во однос на месец мај 2007 бележи намалување за 4,8% Според анкетата која ја спроведуваат од агенцијата,од вкупниот број невработени,21,1% се изјасниле дека не бараат работа,туку се пријавуваат само заради остварувањето на правото на здраствено осигурување. Како еден начин за намалување на невработеноста, бизнисмените го посочуваат олеснувањто од даноците кои и ги плакаат на државата.

„Основно е ако може да се намалат оптоварувањата што фирмите ги плаќаат за осигурување. Тоа ако се намали ќе има и повеќе пари, па и повеќе работни места.“
„Треба да се намалат давачките, големи се, плаќаме 70 – 80 насто во придонеси.“


велат стопанствениците Драган Михајловски и Русе Стефановски и додаваат дека при вработувањето на нови лица не добиваат некоја значајна помош од државата.

„Јас сум во фаза на вработување на комерцијалист. Секој бара квалитетен и добар работник и треба да се намалат придонесите кон државата.“

Економистите пак велат дека со намалувањето на придонесите кон државата нема да се намали невработеноста.

„Тоа е виден филм којшто не функционира така. Фискалните олеснувања може да се злоупотребуваат, тоа се таканаречените бранков 1 закон и бранков 2 закон. Тие беа токму од оваа влада најмногу критикувани, а сега се прави нешто слично, можеби и полошо.“

посочува професорот Абдулменаф Беџети и додава

„Мислам дека дефинитивно инвестициите во високото образивание, развојот на професионалните способности на луѓето се единствена можност за намалување на невработеноста. Впрочем, тоа е покажано во сите стратешки студии на институциите,“

изјави Беџети.
XS
SM
MD
LG