Достапни линкови

Скопје: Претседателот Црвенковски денеска ќе му го врачи мандатот за состав на владата на Груевски


Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски денеска врз основа на изборниот резултат од предвремените парламентарни избори, ќе му го врачи мандатот за состав на влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. На парламентарните избори на 1 јуни коалицијата За подобра Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ, освои 63 пратенички мандати. Инаку во меѓувреме во Врховниот суд тече рокот од 48 часа во врска со приговорите доставени од партиите за решенијата донесени од Државната изборна комисија за прегласувањето од 15 јуни. Како што е соопштено ДПА поднела 13 жалби, а ДУИ четири.
XS
SM
MD
LG