Достапни линкови

Решавање на проблемот со името со Грција за датум за преговори


Европската Унија на самитот во Брисел денеска ке и порача на Македонија дека треба да го реши проблемот околу името со нејзината земја членка Грција за да добие датум за почеток на преговорите за членство. Во нацрт изјавата за Македонија се наведува дека добрососедските односи, меѓу кои, заедничко прифатливо решение за името остануваат клучни, а идни мерки за добивање датум се можни до крајот на годината доколку се исполнат сите услови. Според Асошитед Прес, студениот туш за Македонија е и поради изборните насилства. Во Брисел продолжува самитот на Унијата со главна точка на дневниот ред ирското НЕ за Лисабонскиот договор и високите цени на горивата.

Она што можам со сигурност да го кажам е тоа дека на Македонија ќе добие датум за преговори за полноправно членство со Европската Унија веднаш штом ќе ги исполни сите услови, изјави словенечкиот премиер Јанез Јанша, во изјавата која, неодоливо потсетува на заклучоците од самитот на НАТО во Букурешт каде поради грчкото вето земјата останува надвор од Алијансата се додека не го реши спорот со името. Има некои услови кои треба да се исполнат, рече Јанша исто како и по средбата на шефовите на дипломатиите на Унијата пред два дена.

„Македонија, според мое мислење, треба сериозно да се соочи со клучниот политички предизвик а тоа изнаоѓање компромис за името.“

Во изјавата за Македонија се наведува дека добрососедските односи, меѓу кои, заедничко решение за името остануваат клучни, а идни мерки за добивање датум се можни до крајот на годината доколку се исполнат сите услови. Насилството околу изборите на 1 Јуни беше дополнителен проблем и, како што се јавува од Брисел, аргумент користен од Грција која, велат, ги предводеше напорите Македонија да не добие датум за преговори со Унијата. Денеска се очекува евро лидерите да ја реафирмираат нивната поддршка за европската иднина на Балканот. Франција предупреди дека Европа нема да прифати нови членки се додека ова прашање не се реши. Словенечкиот премиер Јанез Јанша порача дека проширувањето на Унијата не смее да биде жртва на дебатата за Лисабоснкиот договор. Инаку, главна тема на самитот е ирското ,,не,, на договор од Лисабон за поцврсти институционални врски во Европската Унија. Ирскиот премиер Брајан Ковен пак во Октомври пред лидерите на Европската Унија мора да излезе со нови идеи како Ирска да продолжи напред. Тој ја одби идејата за повторување на референдумот и побара време за решавање на кризата. Во врска со последиците од заголемувањето на цените на нафтата и на храната во светот, Европските лидери денеска побараа од Европската Комисија до Октомври да ги простудира можните краткорочни даночни мерки за да се олесни проблемот со високите цени на горивата.
XS
SM
MD
LG