Достапни линкови

Новата владата мора да покаже подобар дијалог со опозицијата и албанските партии, велат експертите


Пораката од Европската Унија веднаш по завршувањето на изборниот процес пристигна – Македонија односно новата влада мора да продолжи со реформите, потребна е нова политичка клима и дијалог меѓу сите политички партии за постигнување консензус околу реформите за членството на земјата во ЕУ, е апелот кој вчера го упати еврокомесарот Оли Рен. Во владата засега без поширок коментар за најновата порака од ЕУ, оттаму велат дека во Македонија е започнат автентичен политички процес детерминиран од изборната воља на граѓаните, а во тој процес е се вклучени сите. За пораката за потребата од нова политичка клима и дијалог упатена од еврокомесарот Рен, експертите со толкување дека овој пат владата мора да покаже подобра соработка со опозицијата и албанските партии:

,,Јас мислам дека еврокомесарот со тоа праќа јасна порака дека треба да се уважува вољата и на албанското мнозиство во Македонија, секако тој бара и повеќе дијалог и разговори меѓу власта и опозицијата. Така што проблемот со политичката сатанизација мора да биде минато кај нас, затоа што најголемата штета е поради тоа.“

Вели аналтичарот Мерсел Биљали. Македонија мора да продолжи со спроведувањето на осумте точки поставени од Европската Унија како услов за добивање на позитивен извештај во ноември и почнување на пристапните преговори. Аналитичарот Биљали смета дека добивањето на позитивен есенски извештај од ЕУ зависи исклучиво од нас. Темпото на реализација на реформите од кои зависи почетокот на преговорите, сепак е забавено поради изборниот процес, е неговото мислење:

,,Прашање е дали и колку време ќе треба да се конституира нова влада, која ќе биде нејзината конструкција, дали ќе има силна политичка воља да се справи со реформите, тоа е веќе едно непознато подрајче.“

Експертите додаваат дека ситуацијата е дополнително комплицирана и поради проблемот со името со соседна Грција. Тоа е уште еден многу тежок критериум пред кој сме исправени на патот на евроатлантските интеграции.

„Така да ако ова прашање се реши, најверојатно за другите прашања ќе ни се прогледа низ прсти.“

„Едноставно политичките критериуми, односно некои политички одлуки се поставуваат како иманентни во однос на некои други технички критериуми.“


Истакнуваат аналитичарот Мерсел Биљали и политикологот Владимир Божиновски.
XS
SM
MD
LG