Достапни линкови

logo-print

Скопје: Собранието на доверители на велешката топилница не се изјасни за понудата на „Метрудхем“


Собранието на доверители на Металургиско- хемискиот комбинат Велес не се изјасни во целост дали да ја прифати понудата за продажба на велешката Топилница на скопската фирма „Метрудхем“ која понуди 2.250.000 евра. За три дена сите доверители до Собранието треба писмено да се изјаснат, а конечната одлука ќе ја донесе Стечајниот судски совет. Ова е осми тендер за продажба на комбинатот по седумте неуспешни обиди. На првиот тендер тој се продаваше за 13,7, а на седмиот за 7,6 милиони евра.
XS
SM
MD
LG