Достапни линкови

logo-print

Приштина: Оставен простор за функционална поделба на Косово, изјави Фејт


Специјалниот пратеник на Европската Унија на Косово Питер Фејт оценува дека уверувањата што генералниот секретар на Обединетите нации Бан ки Мун и ги даде на Србија оти ќе дозволи одржување на статус кво на одредено време во српските општини, остава простор за функционална поделба на Косово. Фејт за Фајненшал Тајмс изјави дека планот кој е поддржан од Запад за остварување на државноста на Косово, и покрај некои правни проблеми, оди во добар правец.
XS
SM
MD
LG