Достапни линкови

Истанбул: Осум луѓе ранети во експлозија во кафуле


Осум луѓе биле ранети во синоќешната експлозија во едно кафуле во Истанбул, јавија турските медиуми, додавајќи дека сите биле вон животна опасност. Полицијата соопшти дека експлозијата била предизвикана од таканаречена звучна бомба. Експлозиите се честа појава во Турција каде што се активни курдските сепаратисти и исламските борци.
XS
SM
MD
LG