Достапни линкови

Под силно полициско обезбедување прегласуавњето помина мирно


Одржани под силно полициско обезбедување вчерашното прегласување на над сто и осумдесет избирачки места во Македонија мина мирно. Ова е оценката на странските агенции во нивните известувања за изборите. Агенциите и со потсетување дека прегласувањето било поради насилството и инцидентите што беа забележани на предвремените избори пред две недели и кои ја доведоа под прашалник евроатлантската иднина на земјата.

Од прегласувањето во Македонија, како што оценуваат повеќето странски агенции, не се очекуваше поголема промена на изборните резултати од пред две недели, туку пред се, да се покаже дека земјата е способна да спроведе гласање без вооружени инциденти и неправилности, но и да детерминира која од двете поголеми партии од албанскиот политички блок ќе добие поголема довреба кај избирачите. Агенциите, потсетувајќи дека меѓу ДПА и ДУИ нема поголеми политички разлики, јавуваат оти и двете партии вчера, со меѓусебни обвинувања за извесни неправилности, се прогласиле за победници на изборите и очекуваат да станат дел од новиот владин кабинет. На изборите пред две недели престрелките во албанските делови однесоа еден човечки живот, додека осумина други беа повредени. Насилството и донесе на Македонија меѓународна осуда, токму во моментот кога таа се обидува да ја докаже нејзината способност за членство во НАТО и Европската унија, наведува Асошиетед Прес која ја пренесува и вчерашната изјава на евроамбасадорот Ерван Фуере дека мирното прогласување покажа оти Македонија има капацитет да организира регуларни избори. Агенцијата Ројтерс се задржува на победата на, како што наведува, конзервативците на Груевски кои ја извојувале јавајќи на бранот на нацоналистичко чувство откако Грција во април ја блокираше поканата на Македонија да му се придружи на НАТО поради спорот со името. Од друга страна, според оваа агенција, Европската Унија е решена да ја одржи Македонија на патот за членство со цел да се извлече од невработеноста и сиромаштијата кои, како што наведува, продолжуваат да ги подгреваат тензиите во земјата. Првите предвремени избори, според посматрачите, не ги задоволија меѓународните стандарди, обвинувајќи ја владата дека не презела мерки за казнување откако претходно не успеала да го спречи насилството пред две недели. Изборното насилство немаше етнички предзнак, но сепак Западот е предпазлив поради знаците на тензија откако албанците во соседното Косово пред неколку месеци прогласија независност од Србија. Сега, како што заклучуваат странските агенции, се очекува Груевски да одбере една од двете поголеми албански партии, ДУИ на Али Ахмети или ДПА на Мендух Тачи, како свој коалиционен партнер за да го поткрепи мнозинство на неговата партија во македонскиот парламент.
XS
SM
MD
LG