Достапни линкови

Во ДУИ задоволни, во ДПА обвинуваат дека победата на ДУИ е лажна


Ден по прегласувањето партиите од албанскиот политички блок со различни оценки за тоа како помина изборниот ден. Според Демократската Унија за интеграција вчерашниот ден ја поправил лошата слика од изборите пред две недели.

„Ние мислиме дека вчера беа преземени сите мерки од страна на институциите на државата да имаме фер и демократски избори. Иако, во некои гласачки места имаше нерегуларности,“

изјави Рафиз Алити од ДУИ

Од Демократската партија на Албанците пак, обвинија дека победата на ДУИ е лажна. Од оваа партија се пожалија на неправилности кои според нив фрлиле дамка на изборниот ден.

„Во некои гласачки места каде што активистите на ДУИ краделе гласачки ливчиња и кутии, овие места се бастиони на ДПА. И со повторувањето на гласањето ДПА ќе земе уште еден пратеник,“

рече Имер Алиу од ДПА.

Иако прегласувањето помина без поголеми инциденти и овој изборен циклус ги покажа слабостите на недемократско демократско однесување, смета проф. Живко Андревски од Европскиот Универзитет во Скопје

„Сега можеби може да се извлече заклучок дека сме ги исполниле европските стандарди за легитимни, фер и демократски избори со слободно изјаснување на волјата на гласачите. Фактот што тоа мораше да се направи со силно полициско присуство зборува дека има уште многу работи што треба да се сторат.“

Според проф. Имер Исмаили пак Македонија покажала капацитет и подготвеност да спроведе фер и демократски избори. Она што недостасуваше на 1 јуни беше политичка волја. Вчера имаше и тоа беше доволно прегласувањето да помине во најдобар ред, вели Исмаили.

„Се покажа уште нешто, дека гласањето, начинот на размислување, свестна кај граѓаните не е од етничка припадност, меѓутоа на Албанците им требаше систем, државата да ги брани за тие слободно да ја изразат својата волја.“

Покрај политичката волја и подготвеноста на институциите на системот, според експертите за добриот тек на изборите заслужна е меѓународната заедница чиви апели за важноста на овие избори успеале да допрат до политичките субјекти во земјава.
XS
SM
MD
LG