Достапни линкови

Скопје: ДИК објави првични нецелосни резултати од прегласувањето


На денешното повторено гласање за предвремените параламентарни избори во изборните единици еден, два и шест, според податоците добиени по електронски пат на Државната изборна комисија (ДИК) од 130 обработени изборни места, Демократската унија за интеграции (ДУИ) освила 25.168 гласови, додека Демократската партија на Албанците (ДПА) 20.214. Како што соопшти на прес-конференција вечерва претседателот на Државната изборна комисија Јован Јосифовски одѕивот на гласањето изнесувал 47, 5 проценти. Од вкупно 28 избирачки места каде што се прегласуваше во првата изборна единица, обработени се податоците од 15 избирачки места. Според нив, како што посочи Јосифовски, ДПА има освоено 3.931, а ДУИ 4.437 гласови. Во втората изборна единица, од вкупно 40 избирачки места, досега се обработени податоците за 29. ДПА има освоено 3.558 гласови, а ДУИ 6.806. Според обработени 84 избирачки места, од вкупно 119, во шестата изборна единица ДПА освоила 12.725, а ДУИ 13.925 гласовите. Повторено гласање денеска требаше да има во 187 избирачки места, но прегласување не се одржа на четири изборни места. Јосифовски соопшти дека на предвремените избори што се одржаа пред две недели, на 1 јуни, и на денешното прегласување Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила вкупно 481.209 гласови, Сонце - Коалицијата за Европа предводена од СДСМ 233.182, ДУИ 109.708 и ДПА - 69.340 гласови. Претходно денеска на прес-конференција Комисијата оцени дека изборниот процес на повтореното гласање минал во фер и демократска атмосфера.
XS
SM
MD
LG