Достапни линкови

Маја Ациецска, раководител на проектот на УНДП за климатски промени. Доколку до 2025 година не се наводнуваат земјоделските култури ќе има недостиг од храна


Минатата година делови од светот се соочија со суши, пожари, венееја жинтите култури во поголем број региони во светот. Годинава повторно имаме големи поплави. До кој степен светот сериозно ги сфаќа климатските промени

Не само лани, туку деценија и повеќе наназад светот се соочува со поголем број и позачестени интензивни екстремни настани од типот на торнада, циклони, суши, поплави од коишто страдаат милиони луѓе. Ние ги почувствувавме последиците на долгото сушно лето лани, коешто се манифестираше со температури апсолутно највисоки во земјава, коишто во Демир Капија достигнаа и 45 степени, коишто во комбинација со долгата суша предизвикаа пожари, коишто предизвикаа огромни штети не само на шумите, туку и во економски смисол од 20 милиони евра, што значи дека климатските промени сепак се случуваат.

Но, сепак во научните кругови нема едногласност за причините кои ги предизвикуваат климатските промени. Па така, имаме и научници кои сметаат дека глобалното затоплување всушност е природно и резултат на природни осцилации. Паралелно, во светот се организираат и кампањи против паниката од глобалното затоплување, главно финансирани од претставници на големите тутунски и нафтени компании

За секоја работа, па и за климатските промеи порстојат две страни. Едната, којашто главно ја држат дел од руските научници коишто сметаат дека ова претставува еден природен цикличен процес, којшто се јавува како резултат на влијанието од сонцето и вулкански ерупции од една страна и дека како редовен цикличен процес сега ќе следи период на заладување. Меѓутоа, минатата година меѓувладиниот панел за климатски промени којшто е тело основано од Светската метереолошка организација излезе со најцврсти докази дека климатските промени се предизвикани од човекот. Значи, дека човекот со своите активности придонесува за промена на глобалната клима, којашто на долг рок ќе се одрази со пораст на глобалната температура, промена на режимот на врнежите, односно регионална дистрибуција на еден дел од светот како недостаток на врнежи, а во друг дел од светот како поплави, промена во режимот на ветровите, намалување на снежните врнежи итн.

Каде е Македонија во овој глобален аспект, кој се вклучи во борбата против глобалното затоплување

Македонија се наоѓа во групата земји во развој, значи нема квантифицирани обврски за намалување на емисиите на стакленички гасови за разлика од развиените земји. Но, и самата дава придонес за преземање мерки кои ќе доведат до намалување на загадувањето, односно намалена емисија стакленички гасови.

Кои се најранливите сектори

Најранливите сектори се земјоделството, шумарството, водните ресурси, био диверзитетот, здравството и туризмот. Трендот на зголемени температури нема да ја заобиколи ниту Македонија, така што до крајот на 2100 година направени се сценарија за тоа како климатските промени ќе се рефлектираат во земјава. Она што е алармантно е дека температурата може да порасне и за пет степени целзиусови, тоа ќе предивзика негативни последици врз сите овие сектори. На пример, да не одиме подалеку до 2025 година ако не се наводнуваат културите ќе дојде до драстичен пад на производството на домати, луцерка и пченица коишто може да опаднат од 50 до 70 насто што ќе го доведе во прашање производството на храна во земјата, ќе предизвика пораст на сиромаштијата. Понатаму, како резултат на тоа дека климатските промени се случуваат во земјата е и податокот е дека и дел од шумите, македонскиот бор, мигрира кон повисоки граници за да се адаптира кон услови кои му одговараат. Значи, ако порано се наоѓал на надморска висина 2,200 метри, мигрира кон 2,600 метри. Исто така се очекува дека ќе има недостиг од вода за пиење, поради намалените врнежи и намалувањето на водостојот на реките. Климатските промени пртставуваат многу сериозен проблем којшто бара мулти секторски пристап меѓутоа и вклученост на сите релевантни институции во земјата.
XS
SM
MD
LG