Достапни линкови

logo-print

Приштина: Стапи во сила новиот Устав на Косово


По четири месеци од прогласувањето на независтност стапи во сила новиот устав на Косово. Според него земјата е дефинирана како парламентарна република и мулиетничко општество. Со стапување во сила многу од надлежностите кои беа во рацете на Обединетите Нации сега преогаат кај властите во Приштина. Претходно генералниот секретар Бан Ки Мун соопшти дека планира реконфигурација на мисијата со што дел од овластувањата би ги преземала мисијата на Европската Унија ЕУЛЕКС.
XS
SM
MD
LG