Достапни линкови

logo-print

Осака: Министрите за финансии од Г8 предупредија на високите цени на нафтата и храната


Министрите за финансии од групата 8, индустриски најразвиени земји во светот, предупредија дека високите цени на нафтата и на храната се сериозен предизвик за стабилниот економски развој во светот. Во заедничката изјава по состанокот во Осака, министрите оценија дека може да се очекува зголемување на сиромаштијата и на глобалната инфлација. Тие ги повикаа земјите извознички на нафта да го зголемат производството со цел да се стабилизираат цените.
XS
SM
MD
LG