Достапни линкови

ОБСЕ и ОДИХР повикуваат на фер и демократски избори


Неколку стотини набљудувачи ќе го мониторираат прегласувањето в недела на 15-ти јуни, каде изборите ќе бидат повторени на 187 гласачки единици, со повеќе од 161 илјада регистирани избирачи. Претходно ДИК по приговорите од партиите донесе одлука за прегласување во 197 избирачки места, но Врховниот суд преиначи 11 решенија на Комисијата. На повторно гласање поради инцидентите ќе излезат гласачите од првата, втората и шестата изборна единица. Во мисијата на ОБСЕ и ОДИХР повикуваат на фер и демократски избори. ОДИХР изборниот процес ќе го набљудува со околу 50-тина претставници, а за безбедноста задолжена е ОБСЕ:

,,Нашите претставници ќе ја набљудуваат безбедносната ситуацијата во сите области каде ќе има прегласување. Мисијата на ОБСЕ во Скопје цврсто се залага во подршката на земјата и нејзините напори за обезбедување безбедна околина за граѓаните да можат да го дадат својот глас во слободна изборна атмосфера овој викенд.“

Изјавува Сали Браутон портпарол на ОБСЕ. Најголем број набљудувачи и овој пат ќе има домашната граѓанска асоцијација МОСТ, околу 300 претставници. Дарко Алексов извршен директор на МОСТ истакнува:

„МОСТ овие избори ќе ги следи со набљудувачи доволно да се покријат околу 75% од вкупниот број на избирачки места што ќе бидат предмет на прегласување. Исто така во текот на денот преку нашите 15 мобилни тимови ќе ги контролираме оние избирачки места каде немаме набљудувачи.“

вели Алексов. Македонија на прегласувањето на 15-ти јуни како што и е посочено треба да ја поправи лошата слика од изборите на први јуни кои беа одбележани со бројни инциденти и да покаже капацитет за спроведување фер и демократски избори. На апелите од ОБСЕ, Американската амбасада, Европската Унија и други релеванти меѓународни инситуции се приклучи и Државната Изборна Комсија.

„ДИК е одлучна и решена се додека има неправилности се дотогаш ќе поништува и ќе повторува гласање, но сум уверен дека таа лекција е добро научена.“

истакна претседателот на ДИК Јован Јосифовски. Инаку, денеска согласно законот се спроведува гласање за 454 внатршено раселени лица, 180 затвореници и за болните и немоќни лица, сите од реоните каде е одлучено да има прегласување.
XS
SM
MD
LG