Достапни линкови

logo-print

ДПА и ДУИ повикуваат на гласање во фер и демократска атмосфера


Во недела ќе се прегласува на 187 избирачки места, во изборните единици 1 2 и 6, а право на глас ќе имаат сто шеесет и една илјада осумстотини седумдесет и четири избирачи, информираат од Државната изборна комисија

„Во ИЕ 1 на 28 избирачки места, во ИЕ 2 на 40 избирачки места со 33980 избирачи и во ИЕ6 на 119 избирачки места со 100,789 избирачи,“

истакна Јован Јосифовски претсеател на ДИК и додаде дека Врховниот суд на Република Македонија преиначи 11 Решенија на Државната Изборна Комисија.

„Уважени жалби на ДПА за општината Тетово и Теарце нема да се врши прегласување. По усвоената жалба на ДУИ избирачкото место број 2012 во Теарце се поништува и овде ќе имаме повторување на гласањето.“

Лидерите на политичките партии од албанскиот блок се надеваат дека во недела изборите ке поминат во фер и демократска атмосвера.
Рафиз Алити од Демократската унија за интеграција изјави дека нивната партија ги превземала сите мерки за прегласувањето помине во мирна атмосвера и додаде.

„Останува органите на државата да обезбедат демократски избори. Тие се најповикани. Кога велам државните органи, мислам на органот за внатрешни работи и ДИК.“

Според Алити апелите кои ги упатија од меѓународната заедница за фер и демократски избори, политичките субјекти треба да ги сфатат сериозно.

И лидерот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи упати порака до нивните активисти и симпатизери во недела да излезат и да гласаат на најцивилизиран начин

„Апелирам до нашите активисти, членови и симпатизери, и до сите граѓани да излезат во недела да гласаат на најцивилизиран можен начин, по можност со кравата.“

Утре ќе можат да гласаат и 454 лица со статус на внатрешно раселени лица 180 кои се на издржување казна затвор или притвор и болните и немоќните лица.

Овие избори ќе ги надгледуваат околу 22 монитора на граѓанската асоцијација МОСТ и 106 странски набљудувачи од кои најголем број се на ОДИХР со 73.
XS
SM
MD
LG