Достапни линкови

logo-print

Даблин: Почна броењето на гласовите од вчерашниот референдум за Лисабонскиот договор


Во Ирска почна броењето на гласовите од вчерашниот референдум за Лисабонскиот договор на Европската Унија, документ кој треба да го замени отфрлениот Европски Устав. Првичните резултати покажуваат дека повеќето ирци не го прифаќаат Договорот. Инаку, неофицијално, одѕивот на гласањето бил под четириесет и пет проценти. Ирска е единствената членка на Унијата која за Лисабонскиот договор решава на референдум. Другите тоа го сторија или ќе го сторат преку нивните парламенти.
XS
SM
MD
LG