Достапни линкови

logo-print

Брисел: Косовските безбедносни сили ќе бидат професионални, мултиетнички и лесно вооружени


Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Схефер по завршувањето на состанокот на министрите за одбрана на членките на Алијансата во Брисел изјави дека новите Косовски безбедносни сили ќе бидат професионални, мултиетнички и лесно вооружени. ,,За неколку дена уставот на Косово ќе стапи во сила и политичката реалност ќе се измени,, оцени Схефер, додавајќи дека НАТО ќе го надгледува укинувањето на Косовскиот заштитен корпус и ќе ги обучува новите сили.
XS
SM
MD
LG