Достапни линкови

Техеран: Обесени 8 лица поради убиства и силувања


Во Иран биле обесени 8 лица, осудени на смртна казна поради убиства и силувања, објави денеска иранскиот печат. 6-мина од нив биле помлади од 34 години, наведуваат весниците. Само во оваа година во Иран се извршени 63 смртни казни, кои во таа земја се пропишани со закон за убиство, силување, оружен грабеж, киднапирање и трговија со дрога.
XS
SM
MD
LG