Достапни линкови

Ирското одбивање повторно ќе значи забавување на заедничката европска иднина


Ирска денеска гласа на референдум дали да го одобри Лисабонскиот договор, комплексен документ со кој се зацврстува моќта на Европската унија спрема нејзините членки. Ирска е единствената земја од Унијата која за овој договор решава на референдум. Дали тоа значи дека ирците кои се само еден процент од наслението на Унијата имаат сила, со своето да или не, да ја обликуваат иднината на Европа. Или големите членки ќе најдат начин Ирска да ја стават настрана доколку го отфрли она што го градеа со години.

Лисабонскиот договор е замена за Уставот на Европската унија кој во две илјади и петата година беше отфрлен на референдумите во Франција и Холандија. Во основа тој и не се разликува од Уставот, малку е обновен, но се уште има триста и пеесет страници и само малкумина од ирските гласачи го имаат прочитано. Со договорот, меѓу другото, на членките им се намалува правото на вето, се зголемува комептенцијата на Европската унија и се воведуваат функциите претседател и шеф на дипломатијата на Унијата. Досега Лисабонскиот договор го имаа одобрено парламентите на неколку членки, а вчера тоа го сторија и Грција, Естонија и Финска. Но, бидејќи станува збор за договор тој мора да биде прифатен од сите членки на Унијата. Ирското одбивање повторно ќе значи забавување на заедничката европска иднина. Интензивната кампања на опонентите на договорот во Ирска, според последните анкети, ги зголеми шансите тој да биде отфрлен. Вината за ова, како што вели новинарот на Ајриш тајмс Марк Хенеси, е задоцнетата кампања на владата на премиерот Брајан Ковен. Тоа пак е резултат од оставката на искусниот премиер Берти Ахерн во минатиот месец.

Не, кампањата беше многу мудра со серија обвинувања, некои од нив контрадикторни, и владата потроши многу време за да ги демантира. Владата немаше можност да изгради позитивен случај за договорот.

Во меѓувреме, се поставува и прашањето дали другите членки на Европската унија би требало да се обидат да го осуетат ирското ,,не,,. Постојат и некои мислења во Брисел дека ако некоја земја го отфрли Лисабонскиот договор треба да размислува за напуштање на Унијата. Но, аналитичарот Марко Инсерти од Центарот за европската политика во Брисел се сомнева дека тоа може да се случи. Тој додава дека во Унијата има луѓе кои се надеваат на негативен исход во Ирска.

Тие чувствуваат дека суштински прашања на демократијата не се опфатени, дека граѓаните не се вклучени доволно во решавањето. Тие се надеваат на негативен одговор, бидејќи во таков случај тоа конечно ќе ги разбуди лидерите на Европската унија.

Вели Инсерти, кој смета дека една од можностите да се одбегне негативниот резултат во Ирска е механизмот на таканаречена зголемена соработка. Тоа ќе им овозможи на групи членки на Унијата да соработуваат во одредени подрачја за кои други групи европски земји немаат интерес. Со други зборови, некои земји би можело да бидат Унијата без да го прифатат Лисабонскиот договор и без за тоа да бидат казнети. Но, притоа големо е прашањето како би функционарал ваквиот механизам кога и онака тие земји се остануваат надвор од најважната рамка на Европската Унија.
XS
SM
MD
LG