Достапни линкови

Брисел: Министрите за одбрана на НАТО разговараат за мировните мисии на Косово


Министрите за одбрана на 26 држави членки на НАТО денеска во Брисел ќе разговараат за мировните мисии на Косово.Главна тема на разговорите ќе биде улогата на КФОР во однос на мисиите на ЕУ и ОН на Косово, по 15 јуни, кога треба да стапи на сила уставот на Косово.На дводневниот состанок, ќе стане збор и за развој на ситуацијата во Авганистан.Учесниците на состанокот ќе разговараат за пренос на овластувањата на авганистанските сили, поделба на товарот на обврски меѓу сојузниците, како и спроведување на ветените датуми на самитот, одржан во април во Букурешт.Министрите би требало да разговараат и за одбранбените способности на Алијансата, соработката на НАТО со Украина, противракетниот штит и ситуацијата на Западен Балкан.
XS
SM
MD
LG