Достапни линкови

Њујорк: Денеска нова рунда преговори за името


Македонскиот преговарач за името Никола Димитров по добиените насоки и инструкции од државниот врв замина за Њујорк на средба со посредникот на ОН Метју Нимиц и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис.Новата рунда македонско-грчки преговори за името формално е закажана за денеска во седиштето на Светската организација, но и двајцата преговарачи претходно ќе имаат консултации со Нимиц. Предвидено е американскиот дипломат да има одделни и заедничка средба со Димитров и Василакис. Не се исклучува можноста ако има потреба разговорите да продолжат и утре. На средбата во Њујорк, според најавите во Скопје и во Атина, не се очекува нов предлог од Нимиц, туку треба да бидат разгледани идеи и сугестии во врска со преговарачкиот процес и да се договори скорешната посета на медијаторот на Македонија и на Грција.
XS
SM
MD
LG