Достапни линкови

Лидерите не ја разбраа пораката дека мирни избори се поважни од личните интереси, велат експертите


И покрај апелите и мобилизацијата на сите надлежни инсититуции во земјава, но и постојаните пораки и ангажманот на меѓународната заедница и набљудувачите, тензиите меѓу двете главни албански партии во земјава не стивнуваат, повторно поткопувајќи ги надежите за евентуален мирен ден на прегласувањето на изборите. Во ДУИ велат дека нивната реакција е поттикната од недовршената работа на институциите. Ние мораме сами да реагираме преку кривични пријави како во случајот со лидерот на ДПА Мендух Тачи и да укажуваме на инцидентите, бидејќи не сме заштитени од надлежните, истакнува Агрон Буџаку од оваа партија:

„Ние сакаме да укажеме дека на сите кои што можеби се подготвуваат повторно за ,,касапана“ на 15 јуни, да посочиме кои се тие луѓе за да институциите на системот, на државата, да преземат мерки.“

Вели Буџаку. Во ДПА пак со контраобвинување до ДУИ дека тие се виновни за тензиите. Од оваа партија вчера навестија дека ДУИ доживеала политичка касапана на 1 јуни која според нив ќе продолжи и на прегласувањето на 15-ти кога партијата на Ахмети ќе доживее длабок пораз.
Во Министерството за внатрешни работи изјавуваат дека се целосно мобилизирани и со соодветен оперативен план во функција денот на повторното гласање да помине во мирна атмосфера. Но не зависи се од нас, битна е и свесноста на политичките партии, потенцира портпаролот на МВР Иво Котевски:

„Не зависи се само од МВР. МВР во принцип не ги спроведува изборите, туку асисистира и реагира на повик. Има рекорден број на пријави после овие избори.“

изјавува Котевски. Очигледно свесноста кај лидерите на албанските партии за идината на државата не созрева, туку и покрај сите апели и натаму за нив поважни се изборните резултати и личните интереси, коментираат пак експертите. Аналитичарот Назми Малиќи посочува:

„Гледаме и во политипчките партии како на некој начин да сакаат да ги маргинализираат одлуките на ДИК. Како сеуште да не се оградени од односот правилно да ги сватат пораката дека пратеничките места во овој мандат не се многу важни.“

Аналитичарот Малиќи и со порака до владата, која според него ги подгрева тензиите со постојаната лицитација за изборот на својот албански партнер:

„Во тој дел сигурно ќе има позитивни измени доколку премиерот и понатаму не води дволична политика со албанците.“

истакнува Малиќи.
XS
SM
MD
LG