Достапни линкови

Кооперативност и подготвеност за компромис, но не по секоја цена


На патот кон евроатланските интеграции, Македонија останува кооперативна и подготвена за компромис, но не по секоја цена. Ова е позицијата на македонскиот државен врв, пред новата рунда преговори меѓу македонскиот и грчкиот преговарач Димитров и Василакис со посредникот Метју Нимиц во Њујорк. Димитров замина на средба откако му биле дадени инструкции во согласност со државните интереси. Од кабинетот на претседателот Црвенковски велат дека натамошната тактика во преговорите ќе ја градат по враќањето на македонскиот преговарач во Скопје. Дотогаш останува позицијата дека на патот кон ЕУ и НАТО Македонија нема да отстапи од зачувувањето на националниот идентитет.
Амналитичарите оценуваат дека градењето на државната стратегија на патот кон евроатланските интеграции не зависи само од нас, но сепак посочуваат оти треба да се спроведе посериозна политика.

„На таа политика на зачленување во НАТО и ЕУ се гледаше како на еден од начините за излез од еден временски и регионален турбулентен контекст. Но, веројатно дека можеше и многу покомплексна и посериозна политика да се осмисли во интерес на реализирањето на овие цели,“

вели проф. Лидија Георгиева од Филозофскиот факултет

Со ваквиот став се согласува и аналитичарот Махи Несими. Треба да сфатиме дека без компромис за името, Македонија е се подалеку од ЕУ и НАТО.

„Како да не сме ние толку заинтересирани тоа да го решиме. Ги одолговлекуваме работите, се караме меѓу себе. Дојдовме до тоа да ја прокоцкаме поканата за НАТО. Јасно е дека нема да стигнеме за еден месец да го решиме спорот со името.“

Македонија го пропушта 9 јули, датумот кога Албанија и Хрватска треба да го потпишат протоколот за приклучување кон НАТО, а тоа секако носи последици, вели проф. Георгиева

„Ќе се јават фобијата кон определени структури кои нелегитимно наметнуваат критериуми кои не се дел од процесот на проширување. Во таа смисла и ризиците кои и инаку би биле присутни ние ќе ги чувствуваме.“

Според Несими одговорноста за ова прашање ја има идната влада.

„Владата ги доби изборите да решава за горки проблеми, не добива мандат да решава за селски патишта,“

изјави Несими.
XS
SM
MD
LG