Достапни линкови

logo-print

Скопје: Синоќа средба на државниот врв со преговарачот Димотров пред неговата средба со Нимиц


Преговарачот за спорот со името со Грција, Никола Димитров синоќа доби насоки и инструкции од претседателот Бранко Црвенковски и од премиерот Никола Груевски, кои одржаа консултативна средба пред новата рунда македонско-грчки преговори за името закажана за утре во Њујорк. Како што соопшти Кабинетот на Црвенковски, на средбата биле разменети информации и мислења за актуелните случувања поврзани со ова прашање. На средбата во Њујорк, според најавите во Скопје и во Атина, не се очекува нов предлог од специјалниот посредник Метју Нимиц, туку треба да бидат разгледани идеи и сугестии во врска со преговарачкиот процес и да се договори скорашната посета на медијаторот на Македонија и на Грција.
XS
SM
MD
LG