Достапни линкови

Атина: Затворени грчките граници поради киднапирањето на познат бизнисмен


Грчкиот министер за внатрешни работи Прокопис Павлопулас, како што јавуваат грчките медиуми, наредил затворање на границите, со цел да се спречат киднаперите на претседателот на Федерацијата на индустријалците во северна Грција Јоргос Милонас, да ја напуштат земјата. Грчката полиција спроведува масовна акција за пронаоѓање на четириесет и девет годишниот Милонас кој синоќа бил грабнат од засега непознати лица во близина на неговиот дом во Солун.
XS
SM
MD
LG